Премиер лига: Пресврт победа за Ливерпул

Од:

Фудбалерите на Ливерпул остварија победа од 2:1 на денешното гостување во Бирмингем, иако противникот на полувремето водеше со 1:0. Ова беше единствениот натпревар од 31.коло од Премиер лигата што се одигра денеска.

Астон Вила поведе преку белгискиот репрезентативец Кристијан Бентеке во 31. минута. Ливерпул изедначи на стартот на вториот дел преку Џордан Хендерсон во 46. минута, а потоа „црвените“ не реализираа две шанси за водство Кутињо биеше крај голот, а Глен Џонсон ја погоди стативата. Во 60. минута капитенот на Ливерпул Стивен Џерард го реализираше пеналот за победа од 2:1, откако претходно беше фаулиран Луис Суарез.

До крајот на натпреварот Џерард еднаш ја спаси празната мрежа на Реина, а домашните во судискот надополнување преку Бентеке постигнаа гол, кој поради офсајд беше поништен.

Ливерпул со 13-та победа во шампионатот остана на 7. место со  48 бодови, зад Евертон кој има 51. Астон Вила е во опасната зона на 18. место со 30 бодови.

31. коло ќе биде комплетирано утревечер со натпреварот Фулам – КПР.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска