Премиер Лига: Њукасл – Манчестер Сити прв дуел од 17. коло

Од:

Во фудбалското првенство на Англија во наредните три дена ќе се играат натпреварите од 17. коло кое ќе биде отворено денеска од 13 часот и 45 минути со натпреварот Њукасл – Манчестер Сити.

Во терминот од 16 часот денес играат: Ливерпул – Астон Вила, Манчестер Јунајтед – Сандерленд, Норвич – Виган, Квинс Парк Ренџерс – Фулам и Стоук – Евертон.

За утре закажани се дуелите: Тотенхем – Свонси и Вест Бромвич Албион – Вест Хем, додека в понеделник својот натпревар од ова коло ќе го одиграат Рединг и Арсенал.

Средбата Челзи – Саутемптон е одложена поради настап на Челзи на Светското клупско првенство.

Табела: Манчестер Јунајтед 39 бодови, Манчестер Сити 33, Челзи 29, Евертон 26, Тотенхем 26, Вест Бромвич Албион 26, Арсенал 24,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска