Првакот на Англија, екипата на Манчестер Јунајтед денеска во дуелот од 4. коло од Премиер лигата ќе се обиде да ја оствари втората победа. „Црвените Ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ ќе го пречекаат Кристал Палас.
Покрај овој натпревар денеска во Англиското фудбалско првенство играат: Астон Вила – Њукасл, Фулам – Вест Бромвич Албион, Хал – Кардиф, Стоук – Манчестер Сити, Сандерленд – Арсенал, Тотенхем – Норвич и Евертон – Челзи.
Утре се игра дуелот Саутемптон – Вест Хем, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот Свонси – Ливерпул.
Табела: Ливерпул 9 бодови, Челзи 7, Манчестер Сити 6, Арсенал 6, Стоук 6, Тотенхем 6,.