Премиер лига на Арена Спорт од сезоната 2022/2023

Од:

Од следната сезона, најдобриот фудбал на нова адреса!

Телеком Србија и Арена Чанелс Груп (Arena Channels Group) објавија шестгодишен договор со Премиер лигата. Така, оваа српска компанија и нејзината медиумска куќа станаа сопственици на правата на овие натпревари од сезоната 2022/23, за територијата на сите поранешни југословенски држави.

„Телеком Србија, лидер во областа на телекомуникациите и мултимедија во овој дел на Европа, цврсто стои зад Арена Чанелс Груп. Ние веруваме дека ова е голема победа за сите нас. Премиер лигата е врв на светскиот фудбал и голема привилегија е да ја имаме како дел од понудата. Задоволство е што конечно можеме да ја додадеме Премиер лигата на големиот список на деловни партнери и пријатели “, рече директорот на Арена Чанелс Груп, Небојша Жугиќ.

Пол Молнар, шеф на секторот за медиуми во Премиер лигата, рече:

„Премиер лигата со задоволство објавува ново партнерство со Телеком Србија. Арена Спорт каналите обезбедуваат врвна спортска содржина и ќе бидат одлично место за Премиер лигата. Благодарение на овој договор, навивачите на Балканот можат да очекуваат повеќе преноси во живо од натпревари од кога било порано.”

Почнувајќи од сезоната 2022/23, Премиер лигата ќе има невидено присуство во регионот со преноси во живо од сите 380 натпревари.

Досега, повеќе од 10 години, натпреварите на најгледаната лига во светот – англиската Премиер лига, се емитуваa на Спорт Клуб (Sport Club), кој е во сопственост на Јунајтед Медиa

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска