Премиер лига: Челзи поразен од последниот КПР

Од:

Последнопласираниот Квинс Парк Ренџерс направи изненадување синоќа во натпревар од 21.коло од Премиер лигата, откако на гостувањето во Лондон на „Стемфорд Бриџ“ го победи Челзи со 1:0. Стрелец на голот беше Шон Рајт Филипс во 78.минута.

Со овој пораз европскиот шампион ја прекина серијата од четири победи по ред.

На другите два натпревара одиграни синоќа победи за тимовите од Ливерпул. На „Енфилд“ Ливерпул го совлада Сандерленд со 3:0, додека Евертон на гости беше подобар од Њукасл со 2:1.

На претходно одиграните натпревари: Саутемптон – Арсенал 1:1, Виган – Манчестер Јунајтед 0:4, Манчестер Сити – Стоук 3:0, Тотенхем – Ридинг 3:1, Вест Хем – Норвич 2:1, Свонси – Астон Вила 2:2 и ВБА – Фулам 1:2.

Табела: Манчестер Јунајтед 52 бода, Манчестер Сити 45, Тотенхем 39, Челзи 38, Евертон 36, Арсенал 34, ВБА 33, Ливерпул 31,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска