Пред натпрварот Албанија-Србија – Елбасан блокиран од полицајци, Балист уапсен со пиштол и фалсификувани билети

Од:

Над 2.300 припадници на Министерството за внатрешни работи, хеликоптери, снајперисти се ангажирани за редот на фудбалскиот натпревар Албанија-Србија, кој се оценува како натпревар од голем ризик. Новиот фиудбалски стадион во Елбасан „Елбасан арена“ каде вечерва треба да се одигра натпреварот речиси е блокиран од големи полициски сили, со цел да се спречи и најмал инцидент.

Албанските власти ги презедоа сите потребни мерки, па така на секој билет има име и презиме на купувачот а влегувањето ќе биде потврдувано со документ за идентификација, односно лична карта или пасош.

elbasanfudbal

Поради каменувањето на автобусот со кој патуваа српските фудбалери од тиранскиот аеродром до хотелот „Шератон“ каде што се сместени, српското МНР упати протесна нота до албанскиот амбасадор во Белград Илир Бочка, но тој не ја примил со образоложение дека тоа не е вистина. Сепак оваа негова изјава ја демантира самата албанска полиција, која со соопштение потврди дека навистина врз автобусот е фрлано со камења, при што освен искршени прозорци за среќа нема повредени.

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири изјави дека обезбедувањето е максимално за да се спречи секој обид за инциденти.

elbasanfudbal1

Полицијата исто така потврди дека синоќа е упасен Исмаил Морина, алијас Балист Морина, кој го пушти дронот со знаме на „Голема Албанија“ на натпреварот Србија-Албанија, на 14 октомври 2014 година. Кај него е пронајден пиштол кој го поседувал без дозвола, 30 куршуми како и 32 фалсификувани билети за фудбалскиот натпревар.

Билетите за натпреварот кои чинеа 15 долари се препородаваат и по цена од 500 до илјада евра.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска