Поранешната девојка на Марио Балотели, Рафаела во интервју за списанието Chi откри дека очекува бебе од италијанскиот фудбалер.
„Му се јавив на Марио, малку пред полуфиналниот натпревар против Германија и му реков – се сеќаваш ли кога сонувавме да станеме родители? Е па тој сон се исполни“, раскажа италијанската телевизиска старлета Рафаела.
„Прво молчеше некое време, а потоа ми рече – Ми ги даде најдобрите вести! После ова тој ги постигна двата гола за влез во финале на ЕУРО 2012“, додаде таа.
Ова за италијанските медиуми е голема вест, со оглед дека двојката не е повеќе заедно.
„Им кажав само на мајка ми и брат ми. Тогаш Марио не сакаше ни да ме чуе. Беше тоа избор кој немаше врска со нашата љубов. Знам дека ме сака колку и јас него. Во моментов се обидуваме да ја обновиме нашата врска“, додаде Рафаела.