Бразилскиот автомобилист, Аиртон Сена загина во 34-та година од животот на 1 мај 1994 година откако ја изгуби контролата над својот болид при брзина од преку 300 км на час и удри во ѕид на кривината Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.
Сена во кариерата триумфираше 41-ви пат, уште 39 пати се најде на подиумот, освои три титули шампион, и остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач по дождот.
Многумина размислуваат за тоа што би било кога би било, но едно е сигурно. Сена беше единствен. По начинот на возење се разликуваше од останатите, некои не го сакаа, многумина да, но беше и oстана еден од најдобрите на сите времиња.