Чезаре Прандели, по елиминацијата на Италија од Мундијалот, поднесе оставка на функцијата. Прандели неодамна го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Италија на дополнителни две години, но по дебаклот во Бразил, то реши да ја напушти функцијата.
„По натпреварот разговарав со претседателот на Сојузот и бидејќи јас сум одговорен за резултатите, му ја понудив својата оставка. Кога техничкиот дел од проекот за кој сум јас одговорен ќе пропадне, тогаш јас сум тој кој треба да посднесе оставка“, рекол Прандели
Од друга страна претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џанкарло Абате, не сака Прандели да си замине од кормилото на репрезентацијата.
„Прандели ја понуди својата оставка. Наскоро ќе има состанок во Фудбалскиот сојуз и се надевам дека Прандели ќе ја повлече оставката, бидејќи доколку не го сметаме резултатот, ние направивме се што е во наша моќ нашиот фудбал да ги прикаже најдоброто. Мислам дека второто место на Европското првенство и третото на Купот на Конфедерации, како и пласманот на СП во Бразил, се резултати кои не смеат да се игнорират„, рекол Абате.