Познати сите учесници на Мундобаскет 2019

Од:

Во директен дуел за пласман на Светското кошаркарско првенство, репрезентацијата на Порторико го победи Уругвај со 65:61 и им се приклучи на САД и Аргентина кои од Е-групата во јужноамериканските квалификации обезбедија учество на Мундијалот.

На Светското првенство кое од 31 август до 15 септември оваа година ќе се игра во Кина, за првпат ќе учествуваат 32 екипи. Африка има пет претставници, Азија и Океанија осум, од Европа 12, додека Америка седум.

Листа на учесници на Мундобаскет 2019:

Африка: Ангола, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Сенегал, Тунис.

Азија и Океанија: Австралија, Кина, Иран, Јапонија, Јордан, Нов Зеланд, Филипини, Кореја.

Европа: Чешка, Франција, Германија, Грција, Литванија, Италија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Шпанија, Турција.

Америка: Аргентина, Бразил, Канада, САД, Венецуела, Порторико, Доминиканска Република.

Селекциите ќе бидат поделени во осум групи, двете првопласирани од секоја група одат во следната фаза.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

(ВИДЕО) Ѓоковиќ се расплака: Ретки се моментите кога некој останува без зборови, се тресам и не знам што да кажам

Горан Наумовски

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски

Српските кошаркари наградени со по 25.000 евра за освоеното сребро на Мундобаскетот

Откриено зошто на Бориша Симаниќ му го отстранија бубрегот по ударот на мечот со Јужен Судан

Предраг Петровиќ

Германците ги победија Американците и закажаа финале со Србија

Горан Наумовски