Познати сите полуфиналисти во Еврокупот

Од:

По одигрувањето на трите реванш четвртфинални натпревари, од синоќа се знаат четирите екипи кои се пласираа во полуфиналната фаза од кошаркарскиот Еврокуп.

Во италијанската пресметка Тренто со две победи беше поуспешен од Армани Милано, Стразбур дури по две продолженија беше поуспешен од Нижњи Новогород, откако претходно рускиот тим ја анулира негативата од девет поени од првиот меч, додеека Гран Ганарија можеше да си дозволи тесен пораз со оглед на резултатот на првиот дуел со Зелена Гора.

Постиганти резултати:
Стразбур – Нижњи Новогород 91:91 (94:85 прв натпревар),
Гран Канарија Зелена Гора  83:86 (93:82) и
Армани Милано – Тренто 79:92 (73:83).

Во вторникот Галатасарај го елиминира Баерн во четвртфиналето.

Двојките за полуфиналето се:
Стразбур – Тренто (29 март) и
Галатасарај – Гран Канарија (30 март).

Би можело да ве интересира

Мечевите од еврокуповите во Скопје ќе се играат со 30 отсто публика на „Тоше Проески“

Жарко Настоски

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Ана Ололовска

Познати сите учесници во Еврокупот

Ана Ололовска

Карпош Соколи ги доби противниците во Еврокупот

Ана Ололовска

Уникаха го освои Еврокупот

Наум Локоски

Валенсија и Уникаха во дуел за трофејот во Еврокупот

Наум Локоски