Марија Шарапова против Серена Вилијамс ќе биде поатрактивниот дел женското полу-финале на Вимблдон откако денеска Русинката со 2:1 во сетови ја совлада американката Коко Вандевеге.
Вилијамс пак беше поуспешна од Викторија Азаренка со 2:1 откако направи пресврт, бидејќи Белорусинката го доби првиот сет.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Гарбине Мугуруза и Агнеска Радванска. Шпанката со 2:0 во сетови ја совлада Тамара Башчински од Швајцарија, додека полската тенисерка беше подобра од Медисон Кејс (САД) со 2:1.
Полуфиналните пресметки се закажани за четврток 9 јули.