Светската атлетска федерација (ИААФ) ги објави имињата на пет кандидати номинирани за наградата најдобар атлетичар на 2018 година.
Номинирани се: Крис Колман (САД) и Елиуд Кипчоге (Кенија), Арманд Дуплантис (Шведска), Абдеррахман Самба (Катар) и Кевин Мајер (Франција).
Победникот ќе биде објавен на 4 декември.
Претходно, ИААФ ги објави имињата на пет кандидати за титулата атлетичарка на годината.
Претендентки за наградата се: Дина Ешер-Смит (Велика Британија), Беатрис Чепкоеч (Кенија), Кетрин Ибаргуен (Колумбија), Шауна Милер-Ујбо (Бахами) и Нафисату Тиам (Белгија).