Познати петорките за „Ол стар“ викендот

Од:

НБА на својот официјален сајт денеска ги објави имињата на кошаркарите кои ќе настапат на „Ол стар“ викендот во Хјустон од 15 до 17 февруари.

Според гласовите на публикта, од Западната конференција како стартни пет ќе се појават: Коби Брајант, Двајд Хауард (ЛА Лејкерс), Крис Пол, Блејк Грифин (ЛА Клиперс) и Кевин Дјурант (Оклахома).

Од Истокот доволен број гласови за влез во почетната петорка добија: Леброн Џејмс, Двејн Вејд (Мајами), Кевин Гарнет, Раџон Рондо (Бостон) и Кармело Ентони (Њујорк).

Најголем број гласови доби Брајант (1.591.437), втор е Џејмс (1.583.646), а трет Дјурант (1.504.047).

Рекордер по број на настапи на ноќта на ѕвездите е Карим Абдул Џабар со вкупно 19 учества, додека за Брајант и Гарнет ова ќе биде 15.ти настап, колку што има и Шекил О‘Нил.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите