Тенискиот турнир Вимблдон влегува во самата завршница, денеска на програмата беа осмина-финалните мечеви во машка и во женска конкуренција. Завршени се сите предвидени натпревари освен мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон кој изненадувачки ги доби првите два сета со идентични 7:6, 7:6.
На другите мечеви во машкиот дел од турнирот, Гаске од Франција го совлада австралијанецот Киргиос со 3:1 во сетови.
Посписил од Канада се погрижи за пресвртот на денот, тој беше поуспешен од србинот Троицки со 3:2, откако по првите 2 сета губеше со 0:2. Енди Мареј го победи хрватот Карловиќ со 3:1 во сетови, додека вториот хрват, Марин Чилиќ со 3:1 во сетови беше поуспешен од Кудла (САД).
Швајцарците Вавринка и Федерер лесно со по 3:0 победија против Гофин (Белгија) односно Баутиста (Аргентина), а Жил Симон од франција направи мало изненадување со победата 3:0 над Томаж Бердих од чешка.
На женската половина од турнирот беа постигнати следниве резултати: Вандевеге (САД) –Сафарова (Чешка) 2:0, Говортсова (Белорусија) – Кејс (САД) 1:2, Шарапова (Русија) – Диаз (Казакстан) 2:0, Башчински (Швајцарија) – Никулеску (Романија) 2:1, Радванска (Полска) – Јанковиќ (Србија) 2:0, Азаренка (Белорусија) – Бенчиќ (Швајцарија) 2:0,Возниачки (Данска) – Мугуруза (Шпанија) 0:2, а во сестринската пресметка меѓу Вилијамсови поуспешна беше Серена со 2:0 во сетови.
Двојки за четврт-финале
Мажи
Посписил – Мареј
Симон – Федерер
Вавринка – Гаске
Чилиќ – Ѓоковиќ/Андерсон
Жени
Мугуруза – Башчински
Шарапова – Вандевеге
Кејс – Радванска
Вилијамс – Азаренка
Жените се на програмата утре, а машкиот турнир продолжува во среда на 8 јули 2015 година.