Тројца македонски тенисери ќе бидат дел од фјучрс турнирот што ќе се игра во Брчко. Директен пласман на турнирот избори Томислав Јотовски, додека денеска успешно квалификациите ги завршија Стефан Мицов и Горазд Србљак. Претходната недела истите тројца тенисери играат на турнир во Добој.
Мицов со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3 во гемови) го победи Мислав Бошњак од Австралија, додека Србљак беше подобар од Андреј Главц од Словачка со 2-1 во сетови (6:0; 4:6; 6:2).
Во првото коло Јотовски ќе игра против четвртиот носител Љубомир Челебиќ од Црна Гора, кого го победи во петокот на турнирот во Добој. Србљак за ривал го има Нермин Фатиќ од (Босна и Херцеговина), додека Стефан Мицов ќе игра против Дарко Бојановиќ (БиХ).
Во конкуренција на двојки ќе настапи само Јотовски со Милан Радојковиќ од Србија и на стартот ќе играат против Фатиќ и Антун Видак од Хрватска.
Настап на фјучрс турнир во Анталија ќе има и македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, која утре во првото коло ќе игра против Чемре Анил од Турција