Повредениот Халанд ќе паузира до Божиќ

Од:

Напаѓачот на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд најверојатно ќе отсуствува од фудб алските терени до Божик, најави неговиот татко Алф-Инге за норвешката телевизија ТВ2.

– Тој е релативно добро со оглед на ситуацијата, но ќе паузира уште извесно време. Би било бонус кога би заиграл пред Божик, но тоа е малку веројатно, изјави Алф-Инге Халанд.

Норвешкиот голгетер е надвор од терените од 20 октомври кога го повреди колкот на натпреварот против Ајакс.

Халанд поради мускулна повреда паузираше и во септември, но, сепак, 21-годишниот напаѓач сезонава постигна 13 голови во сите натпреварувања.

Борусија Дортмунд е второпласирана во Бундеслигата со бод помалку од лидерот Баерн Минхен.

Би можело да ве интересира

Можна е преселба на Халанд во Барселона

Халанд ги почести навивачите од поранешниот клуб со 15 илјади евра

Предраг Петровиќ

Невидена машина за голови-Халанд на 22 години има веќе 227 гола

Касано: Халанд ќе постигне 90 голови, но тој не е најдобриот напаѓач на Сити

Тухел потврди за интересот на Челзи за Халанд

Ана Ололовска