Повеќе од пет илјади фудбалери во Детската лига

Од:

Преку 5.000 дечиња беа дел од Детската лига во фудбал која беше во организација на Фудбалската федерација на Македонија, а се играше во седум различни региони на државата.

Овој податок за масовноста на младите во фудбалот, како што велат од ФФМ, е доказ за исполнувањето на целта на ФФМ во правец на развој на фудбалот од најмлади години, да се грижи и за создавањето вистински вредности, и да ги охрабри младите полето за докажување да биде фудбалскиот терен.

– Токму и новата поддршка која ФФМ ја доби од УЕФА е во насока на дополнителен развој на младинскиот фудбал, а ние како Федерација со сите сили и средства ќе се трудите и понатаму што повеќе деца да се приврзат со спортот и фудбалот, смета Илчо Ѓорѓиоски претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Откако започнаа детските лиги во 2012, секоја година за 50% расте бројот на деца кои учествуваат, податок кој е исклучително позитивен, и ветува подобра фудбалска иднина.

На терените во „Куќата на фудбалот“ каде се одигра финалниот турнир од ФФМ Детските лиги 2014 година, на најуспешните им беа доделени пехари и дипломи.

Од генерација 1999 година победник е екипата на Работнички, од 2000, 2001 и 2005 година децата од ФК Вардар, од генерација 2002 децата од ФК Металург, од 2003 победници се децата од ФК Л.К Битола, а од генерација 2004 децата од ФК Академија Постолов – Пандев.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска