Потер има три меча да си ја спаси работата во Челси?

Од:

Грем Потер и Челси викендов уште еднаш ги разочараа своите фанови. Саутемптон победи со 0:1 среде Лондон на „Стемфорд Бриџ“, а „сините“ во сите натпреварувања немаат победа веќе пет натпревари.

Раководството на клубот досега изјавуваше дека има целосна доверба во Потер и дека во поранешниот тренер на Брајтон ја гледаат иднината. Сепак, навивачите ја изгубија довербата во англискиот стратег, а има информации дека и самите играчи се незадоволни од идеите на Потер и неговиот начин на обраќање до тимот.

Медиумите на Островот тврдат дека судбината на Потер ќе ја решаваат резултатите во следните три натпревари на тимот.

Челси викендов игра дерби со Тотенхем, а потоа има натпревар со Лидс, како и реванш мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Неуспесите и елиминацијата од ЛШ може да го чини работно место.

Доколку замине Потер, Челси би тргнал по големо име за клупата. Се шпекулира со имиња како Зинедин Зидан, Диего Симеоне, Жозе Мурињо, враќањето на Томас Тухел и доаѓањето на Луис Енрике.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ

Канте наскоро се враќа во Челси, ќе добие и продолжување на договорот