Еден 74-годишен навивач на фудбалскиот клуб Вимблдон синоќа бил уапсен, поради тоа што со банана го гаѓал главниот судија на натпреварот меѓу Вимблдон и Порт Вејл кој се играл во рамките на англиската Лига 2.
Натпреварот заврши нерешено 2:2, а приведениот старец во полициската станица изјавил дека нападот го сторил поради незадоволството од повеќе судиски одлуки кои биле на штета на клубот за кој навива.
Фрлањето на банани на спортските терени се поврзува со расистички напад, но тоа не беше случај со 74-годишниот навивач кој со кауција беше пуштен од притвор.