Посмртната церемонија за Мохамед Али по муслимански обичаи

Од:

Погребната церемонија според муслиманскиот обичај на боксерската легенда Мохамед Али во четвртокот во неговиот роден град Лиусвил во сојузната американска држава Кентаки привлече илјадници негови обожаватели кои го ценеа и поради неговата блескава боксерска кариера и поради неговите активност во областа на човековите права.

Според процените на медиуми, околу 14 илјади луѓе се собрале на „џеназата“ на којашто повеќепати е повторено дека Мохамед Али биле 2шампион од народот“,

Али, трикратен шампион во тешка категорија во верзијата WBA беше од 1967 до 1968 и од 1974 до 1979, и во верзијата WBC од 1964 до 1969 и од 1974 до 1978 година, и освојувач на златен медал на Олимписките игри во 1960-та година во Рим во полутешка категорија, почина ноќта кон 4-ти јуни во болница во Феникс, во државата Аризона на 75-годишна возраст.

Паркинсоновата болест му беше дијагностицирана во 1984 година, три години откако се повлече од боксувањето. Болеста често се поврзуваше со траумите на главата, но состојбата на Али последните години дополнително се влошуваше, па речиси и не се појавуваше во медиуми.

Мухамед Али, е роден на 17-ти јануари во 1942 година ако Касиус Марселус Клеј џуниор, а кариерата ја започна како Касиус Клеј, но подоцна како и многу афроамериканци протестирајќи против политиките во САД го смени името.

Али ќе биде погребан подоцна во петокот, кога илјадници луѓе уште еднаш ќе се соберат на своевидна меѓурелигиска служба, а меѓу нив се најавени поранешниот американски претседател Бил Клинтон кој треба и да говори, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како и американскиот борец за човекови права Џеси Џексон и пејачот Јусуф Ислам, порано познат како Кет Стивенс.

Мухамед Али и неговото семејство го планирале неговиот погреб десет години, за да се осигурат дека ќе биде испочитувана неговата муслиманска вера, но и дека погребот истовремено ќе биде прилагоден на барањата на западната култура, пишува Reuters.

Претседателот на руската кавкаска република Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека една од авениите во главниот град Грозни е наречена по боксерската легенда.

„Името на големиот боксер одлучивме да го направиме бесмртни и да ја наречеме авенија во Грозни во чест на Мохамед Али. На таа авенија ќе изградиме величествена боксерска сала која исто така ќе го носи неговото име“, додаде Кадиров, кој е познат како голем поклоник на боречките спортови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ