Последниот танц на сестрите Вилијамс

Од:

Легендарните сестри Серена и Венус Вилијамс доживеаја пораз во конкуренција на двојки, на Ју-ес опен. Американките и покрај големата поддршка од трибините не успеаја да ја прескокнат првата пречка и по два часа и осум минути игра мораа да го прифатат поразот од чешката двојка, Луција Храдецка и Линда Носкова – 7:6 (5) и 6:4.

Четириесет и две годишната Венус и една година помладата Серена добија специјална покана од организаторите, но не успеаја да го минат првото коло на последниот Грен слем во сезоната.

Неповторливите сестри имаа двојно повеќе ас-сервиси од нивните ривалки (8-4), но искористија само една од петте топки за брејк.

Серена и Венус, во двојки, имаат освоено 14 Грен слем трофеи. Првата титула ја освоија во 1999 година на Ролан Гарос, а последната во 2016 година на Вимблдон.

Имаат шест трофеи од Лондон, четири од Австралија опен, и по два од Ролан Гарос и од Ју-ес опен.

Помладата Вилијамс има 23 титули на Грен слем турнирите, а во третото коло на овогодинешниот Ју-ес опен се среќава со Ајла Томљановиќ. Венус освои десет трофеи во сингл на најголемите четири турнири во сезоната.

Да потсетиме, Серена најави дека турнирот во Њујорк е последен во нејзината кариера.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Вилијамс се повлече од турнирот во Кливленд

Сестрите Вилијамс ќе играат двојки во Њујорк пред пензионирањето на Серена

Осака назначи поранешен соработник на Серена Вилјамс за нов тренер

Венус Вилијамс не се смета себе си за феминистка

Ана Ололовска

Венус Вилијамс учествувала во сообраќајна несреќа со смртни последици

Наум Локоски