Повеќекратниот светски и олимписки шампион Усеин Болт за последен пат настапи пред домашната публика во Јамајка.
30-годишниот Болт, кој на крајот од оваа сезона најави заминување во пензија, пред публиката во Кингстон каде се одржа „Рејсерс ГП митингот“ во неизвесна трка го освои првото место со резултат од 10.03 секунди.
„Трката беше ОК, но не верувам дека некогаш сум бил толку нервозен пред трка на 100 метри. Мислам дека ова беше една од моите најлоши трки, но не очекував ништо спектакуларно во првата трка од јануари. Атмосферата и луѓето беа прекрасни и не очекував ваков прием“, изјави Болт.
Тој најави повлекување од атлетиката по Светското првенство кое во август ќе се одржи во Лондон, а на кое ќе трка само на 100 мести.
„Дефинитивно ќе биде само 100 метри. Знам дека луѓето сакаат да гледаат трка на 200 метри, но ќе одам само на една трка“, дополни Болт.
30-годишниот Болт е актуелен рекордер на 100 и 200 метри, кој во кариерата освои 8 олимписки злата и 13 медали од Мундијалот.