Посебен сообраќаен режим околу „Филип Втори“

Од:

Македонската полиција, исто како и на дуелот против Хрватска, и за вечерашниот меч со Србија (20,30 ч.) ќе воспостави посебен сообраќаен режим во близина на националната арена „Филип Втори“, а ќе бидат преземени и зголемени мерки за безбедност, бидејќи мечот е со висок ризик.

Денеска од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници. Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг простор во непосредна близина на стадионот. Во периодот од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот „Илинден“ кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.

МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

Полицијата ќе формира три безбедносни прстени, на влезовите во Скопје, околу Градскиот парк, и на самите влезови на „Филип Втори“, а ќе биде зголемено присуството на припадниците на органите на редот и низ центарот на градот со цел да се избегнат било какви инциденти и немили настани. Со таква цел, а во рамките на договорот за соработка со спрпското МВР, четворицаполициски  службеници на Србија се пристигнати во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска