Репрезентацијата на Португалија е првиот полуфиналист на ЕУРО 2016. По 1:1 во 120 минути игра, со подоброто изведување на пеналите, Кристијано Роналдо и тимот на Португалија ја елиминираа Полска со 5:3!
Португалците покажаа дека се неверојатни тактичари со оглед дека сите пет натпревари на шампионатот ги заврија нерешено до 90 минута. Во осминафиналето ја елиминираа Хрватска откако на крајот на второто продолжение постигнаа гол.