Порто изгуби 44 милиони евра по поразот од Краснодар

Од:

За првпат по сезоната 2010/11, Порто остана без учество во групната фаза во Лигата на шампионите. Вчерашниот пораз од Краснодар во реваншот од третото квалификациското коло на турнирот (2:3) значеше и неможност да се избори место во елитното натпреварување, а тоа ќе го чини клубот изгубени 44 милиони евра, пишува португалска „А Бола“.

Во оваа сума влегуваат фиксниот надомест за учество во групната фаза на турнир, бонус за успех во Европа во последните 10 години, како и пари од тв права и реклами.

Се забележува дека поради елиминацијата на клубот од Лигата на шампиони, Бенфика која е главен конкурент на Порто во борбата за врвот во португалскиот шампионат, ќе стане побогата. Ова се должи на фактот дека кога два клуба од иста земја играат во Лигата на шампионите, приходите од радиодифузија се поделени во сооднос 55% наспроти 45% во корист на шампионот. Сега сите 100 проценти од средствата ќе одат кај Бенфика.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Боде Глимт го победија Порто на стартот од Лигата на Европа

Никола Митревски со јубилеен настап во дресот на Порто

Осум странци го напуштија Краснодар

А1он

Ди Франческо размислува за оставка по елиминацијата од ЛШ

Пепе се врати во Порто

Наум Локоски