Портланд ја совлада Оклахома и покрај неверојатната партија на Вестбрук

Од:

Во кошаркарската НБА лига синоќа беа одиграни четиринаесет натпревари, во кои поуспешни беа домашните екипи кои забележаа девет победи.

Оклахома загуби од Портланд со 112:115, а Расел Вестбрук повторно запиша „трил дабл“. Бекот на Оклахома натпреварот го заврши со 40 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Вестбрук е првиот играч по Леброн Џејмс во 2009 година кој запишал ваков скор на три натпревари по ред.

Екипата на Атланта ја продолжува победничката серија откако пред својата публика го победи Орландо со 95:88. Најефикасен кај „Хоукси“ беше Пол Милсап со 20, додека македонскиот интернационалец Перо Антиќ средбата ја заврши со учинок од 3 поени и 5 скокови, за 14 минути игра.

На останатите натпревари беа постигнати овие резултати:
Индијана – Кливленд 93:86
Филаделфија – Вашингтон 89:81
Бостон – Шарлот 106:98
Чикаго – Минесота 96:89
Хјустон – Бруклин 102:97
Њу Орлеанс – Мајами 104:102
Лос Анџелес Лејкерс – Милвоки 101:93
Портланд – Оклахома Сити 115:112
Детроит – Њујорк 115:121 (по продолжение 95:95)
Торонто – Голден Стејт 98:113
Мемфис – Лос Анџелес Клиперс 79:97
Денвер – Јута 82:104
Сакраменто – Сан Антонио 96:107.

Пласман Источна конференција: Атланта 46-12 (победи-порази), Торонто 37-21, Чикаго 37-22, Кливленд 37-23, Вашингтон 33-26, Милвоки 32:26, Мајами 25-32, Индијана 24-34,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 45-11, Мемфис 41-16, Хјустон 40-18, Портланд 38-19, Далас 39-21, ЛА Клиперс 38-21, Сан Антонио 35-23, Оклахома Сити 32-27…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите