Карпош Соколи и Куманово го комплетрираа лошиот резултатски настап на македонските екипи претставници во регионалната кошаркарска Балканска лига, во рамките од 2.коло на втората фаза во ова натпреварување.
Во натпреварите од групата Д, одиграни вечерва во Тиват и Пеќ, двете екипи играа на гостински терен. Карпош Соколи претрпе пораз од црногорската екипа Тедо со 98-81, додека Куманово загуби од косовскиот Пеќ со 85-68.
Потсетување дека вчера во рамките од Ц групата порази претрпеа и Фени Индустри од бугарскиот Берое со 85-84 и Кожув на гостувањето во Никшиќ кај Сутјеска со 84:76.
Ц група – табела: Берое 8 бодови, Сутјеска 6, Фени Индустри 5 и Кожув 5
Д група – табела: Куманово 7 бодови, Теодо 6, Пеќ 6 и Карпош Соколи 5.