Пораз во сингл, победа во двојки за Јотовски на фјучрс во Анталија

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски денеска на првиот ден од фјучрсот во Анталија оствари пораз во сингл конкуренција и победа во двојки. Во мечот од првото коло тој загуби од Бразилецот Тиаго Сибот Вилд со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови). Мечот во првиот сет беше во прекин поради дожд.

Јотовски сепак брзо го надмина поразот и во првото коло во конкуренција на двојки заедно со Вадим Алесенко од Украина ги елиминираа првите носители Кристоф Негриту (Германија) и Владимир Узиловски (Украина) со 2-0 во сетови. Двата сета македонско-украинската комбинација ги доби во тај брек (7:6 (8:6) и 7:6 (7:2)).

Утре ќе им бидат познати и ривалите за четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Јотовски победник на турнирот „Бовин Неготино опен“

Наум Локоски

Тенисерот Јотовски го предаде полуфиналето во Кисељак

Успешен старт за Јотовски на фјучрсот во БиХ

Ана Ололовска

Јотовски го заврши настапот на турнирот во Анталија

Наум Локоски

Јотовски стартуваше со победа во двојки на фјучрс турнирот во Тунис

Наум Локоски

Јотовски без проблем ги мина квалификациите во Хамамет

Наум Локоски