Пораз на МЗТ Скопје во дебито во Еврокупот

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром стартуваше со пораз во првиот натпревар од кошаркарскиот Еврокуп.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево во Рига загубија истоимениот летонски тим со 80:71 по четвртини 14:11, 19:22, 23:23 и 24:15.

Најдобар поединец на натпреварот беше Босанецот Кенан Барјамовиќ кој покрај 22 поени имаше и 9 скока. Американецот Ди Браун кој постигна 19 за Рига, додека во екипата на МЗТ Скопје најефикасен беше Урош Лучиќ со 15, а Ѓорѓи Чековски и Александар Костовски постигна по 13 поени.

Во првиот натпревар од групата Г, меѓу турскиот клуб Банвит и Калев од Естонија убедлива победа славеше домашната екипа со 86:60.

Првото коло ќе биде заокружено утре со средбата во Израел меѓу Макаби Хаифа и рускиот Уникс Казан.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он