Поранешниот ски-скокач Примож Роглич победи на 17. етапа на Тур де Франс, долга 183 километри. Оваа етапа се возеше од Ла Мур до Сер Шевалие, а победата на Роглич и не е големо изненадување со оглед на одлична сезона што Словенецот ја има зад себе.
Сепак, велосипедизмот не е единствениот спорт во кој Роглич е успешен. Тој пред 10 години беше јуниорски светски првак во скијачки скокови.
Роглич со скокови се занимаваше од 2003 до 2011, а негов личен рекорд е скок од 183 метри поставен во 2011 година на скокалница во Оберсдорф, Германија.
Со велосипедизмот почна да се занимава пред неколку години, а во 2016 година учествувал во познатата трка Џиро д’Италија, каде победи во деветтата етапа.
Роглич учествуваше и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, каде што постигна десетто време.