Поранешниот селектор на Франција во уметничко лизгање обвинет за силување на шест репрезентативки

Од:

Поранешниот селектор на француската репрезентација и врвен тренер во уметничко лизгање, Жил Бајер, е обвинет за сексуален напад, откако шест активни или поранешни лизгачки го обвинија дека ги силувал, јави АФП повикувајќи се на извори во француското правосудство.

64-годишниот Бајер е централен лик во скандалот кој го тресе спортот во Франција веќе една година, откако поранешната шампионка, Сара Абитбол, напиша книга во која прва ги изнесе обвинувањата на сметка на поранешниот селектор.

Таа го обвини нејзиниот тренер Бајер дека систематски ја силувал и сексуално ја злоставувал кога таа имала 15 до 17 години, во раните 90-ти. Откако излезе книгата на Абитбол во јануари минатата година, уште неколку француски лизгачки излегоа со слични обвинувања.

Кога лани првпат беше соочен со скандалот, Бајер, кој во времето за кое раскажа лизгачката имал 35 години, призна дека имал „интимна врска“ со Абитбол, за која рече дека била „несоодветна“.

Во книгата, Абитбол напиша: „Тој почна да прави ужасни работи… сексуално малтретирање, јас бев силувана кога имав 15 години. Тоа беше првпат маж да ме допре“.

Абитбол и нејзиниот долгогодишен партнер на лизгалиштата, Стефан Бернадис, на настап во 2002 година

Седумкратната медалистка од европските првенства, која сега има 44 години, исто така напиша дека ниту нејзините родители, ниту официјалните лица во Француската лизгачка федерација во тоа време не знаеле ништо за траумата што таа ја преживеала.

Таа обвини и дека кога се обратила до француското министерство за спорт со обвинувањата, откако ја завршила кариерата, била игнорирана.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Маж од радовишко силувал 12-годишно девојче