Алармот за пожар се активира синоќа на Централниот терен на Вимблдон, веднаш по завршувањето на мечот меѓу Серена Вилијамс и Тимеа Бабош, по што организаторите одлучија да ги испразнат трибините.
Противпожарната служба брзо реагираше и го изгасна пожарот кој настана поради дефект на електричната инсталација.
– Гем, сет и меч, беше реакцијата на пожарникарите кои на оригинален начин соопштија дека интервенцијата заврши и се е во најдобар ред без никакви проблеми за трите илјади присутни гледачи.
„Ол Ингланд клуб“ нема никаква материјална штета и се очекува денеска на овој терен да продолжат предвидените мечеви.