Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Филип Поповски, во интервјуто за официјалниот сајт на УЕФА истакна дека пласманот на младите македонски фудбалери на Европското првенство У-21 во Полска е историски резултат за нашата земја.
– Резултатите во квалификациите и обезбедениот пласман на ЕП 2017 за играчи до 21 година се едно од најголемите достигнувања во националната фудбалска историја. Македонската репрезентација ја следеа 20.000 луѓе за време на квалификациите, половина од нив деца, изјави Поповски.
Македонија можеби е најслабо рангирана на шампионатот, но не треба да се потценува, бидејќи во квалификациите беа најдобри во групата и пред францускиот тим кој може да се пофали со некои од најпознатите играчи на таа возраст во европскиот фудбал.
– Во репрезентацијата владее одличен тимски дух и ние очекуваме дека многу од нашите сограѓани да дојдат да не поддржат во Полска, вели Поповски, додавајќи дека интересот за У-21 постојано расте.
Со репрезентацијата ја поддржавме промоција на детскиот турнир во Република Македонија, и тоа беше нашата главна активност.
Селекторот Благоја Милевски смета дека успехот на Македонија може да ги инспирира повеќе млади во државата да го изберат фудбалот како омилен спорт.
– Ова ќе има значително влијание врз нашите деца, во сите погледи, особено во поглед на мотивација. Од сега па натаму, нешто што беше невозможно стана можно за сите наши млади генерации. Верувам дека во иднина ќе се квалификуваме на повеќе заврши турнири, смета Милевски.
УЕФА во прилогот за „македонските херои“ се осврнува и на Супер купот 2017.
Скопје ќе биде домаќин на Супер купот 2017 година. Подемот на Македонија во елитата на европскиот фудбал за млади до 21 години не е случаен. Тоа е кулминација на долги години работа на развој на фудбалот во оваа балканска земја. Помошта од програмата на УЕФА „Hattrick“ овозможи на Фудбалската федерација на Македонија да изгради десет вештачки терени, додека во текот е проектот за поставување на пет природни терени со рефлектори.
Изградени се и фудбалски академии низ целата земја, и има направено многу работа за да им помогне во наставата на младинските тимови. Фудбалската федерација на Македонија, исто така инвестира време и пари за проширување на програмата за „скаутирање“ со цел да се откријат најдобрите млади играчи од сите делови на земјата.
– „Hattrick“ е една од главните програми на УЕФА, која им помага на националните федерации. Многу ни помогна, ние ги користиме овие средства за подобрување на инфраструктурата во земјата, истакна Поповски.
Фудбалската федерација на Македонија има големи планови за континуираниот развој на фудбалот. Тие сакаат да видат континуирано зголемување на бројот на играчи, како и подобрување на инфраструктурата и рангирање на репрезентациите.
Светлината уште еднаш ќе падне над Република Македонија на 8 август, кога земјата ќе биде домаќин на долго очекуваниот натпревар меѓу Реал Мадрид против Манчестер Јунајтед во Супер купот на УЕФА, стои во сторијата на Европската фудбалска асоцијација посветена на македонскиот фудбал.