Полуфиналето донесе промена на плановите на велшките репрезентативци

Од:

Историскиот пласман на Велс во полуфиналето на ЕУРО 2016 значеше и промена на плановите во животот на некои фудбалери.

Така, Ледли Кинг мораше да ја одложи својата свадба, Крис Гинтер беше кум на свадбата на брат му преку „Скајп“ додека на Нил Тејлор му пропадна планот за изненадување на неговата сопруга за роденден со одење на концертот на Бијонсе и таа наместо на концерт отиде во Франција да гледа фудбал.

– Ледли имаше резервирано термин за венчавка уште додека игравме квалификации. Никој тогаш не се надеваше дека ќе стигнеме до тука. Гинтер „кумуваше преку компјутер, сопругата на Тејлор верувам уживаше во триумфот над Белгија наместо на концерт. Сите наши мисли сега се насочени кон дуелот со Португалија, а за останатото има време да се надополни, изјави ѕвездата на Велс, Герет Бејл.

Полуфиналето меѓу Велс и Португалија се игра утревечер од 21 часот во Лион.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

Пикси ќе добие отказ

Предраг Петровиќ

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Бизарен случај во Велс: Погребале погрешен човек, грешката на болницата откриена по три недели

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ