Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Од:

Полскиот шаховски велемајстор Јан-Кшиштоф Дуда одби да се ракува со рускиот шаховски велемајстор Денис Кисматулин на Светското првенство во брз шах.

Кисматулин е жесток поддржувач на Путин во војната против Украина и неколкупати како доброволец ги посетил позициите на руската армија.

Сепак, тој немаше забрана за учество на меѓународни натпревари, но Дуда одби да се ракува со него на споменатиот натпревар.

„Спортистите кои активно поддржуваат војни нема да смеат да се натпреваруваат на меѓународно ниво“, објави Меѓународниот олимписки комитет по почетокот на руската агресија против Украина. Сепак, тоа очигледно не е случај за рускиот шахист…

Инаку, нивниот натпревар заврши нерешено.

Би можело да ве интересира

Русија има цел список со услови за примирје

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

Украина: Сега целиот свет ќе види кој навистина сака мир

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски

Руските трупи започнаа офанзива врз Суџа