Возачот на Мерцедес и лидер во генералниот пласман во Формула 1, Нико Розберг по денешните квалификации се избори за пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Русија.
Второто место му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, но поради казна ќе стартува пет места поназад. Неговото место во првиот ред ќе го заземе Валтери Ботас од Вилијамс, а зад нив ќе бидат Кими Раиконен од Ферари и Фелипе Маса од Вилијамс.
Проблеми имаше и актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес, кој обезбеди пласман во последната квалификациска рунда, но утре ќе стартува од 10-та позиција поради проблемите со менувачот.
Трката за Големата награда на Русија се вози утре на патеката во Сочи, а почетокот е во 14 часот.