Покрената истрага против УЕФА

Од:

Шпанската Национална комисија за пазари и конкуренција (CNMC) соопшти дека отворила истрага против УЕФА поради сомневања дека се обидела да ја ограничи конкуренцијата во европските фудбалски натпреварувања со спротивставување на проектот Суперлига.

„CNMC ја истражува УЕФА во врска со можното нарушување на конкуренцијата во организацијата на европските фудбалски натпреварувања“, се вели во соопштението на државниот орган.

Постапката е покрената по жалба од компанијата „A22 Sports Management“, главен промотор на проектот Европска Суперлига. Во центарот на вниманието, меѓу другото, е договорот што УЕФА наводно го склучила со девет европски клубови со цел да ги спречи да организираат или учествуваат во алтернативни натпреварувања.

CNMC додаде дека истрагата вклучувала и „низа мерки“ што УЕФА наводно ги вовела за да ги принуди клубовите да се придржуваат кон забраната, вклучително и закани за исклучување од нејзините официјални натпреварувања.

По прелиминарна анализа на достапните информации, CNMC наведува дека постојат „индикации за можни прекршувања на законот за конкуренција“, но нагласува дека отворањето на постапката „не го нарушува исходот од истрагата“.

Проектот за Суперлига, кој првично беше поддржан од 12 клуба, вклучувајќи ги Реал Мадрид и Барселона, беше претставен во 2021 година како алтернатива на Лигата на шампионите, но предизвика голем отпор од фудбалската јавност и меѓу навивачите.

Шест англиски клубови наскоро се повлекоа под притисок од домашните и европските институции, а потоа следеа и други.

Во мај 2024 година, шпански суд пресуди дека ФИФА и УЕФА „злоупотребиле доминантна позиција“, потпирајќи се на претходна пресуда на Судот на правдата на Европската Унија, со која се утврди дека забраната за Суперлига е прекршување на европското право.

И покрај претходните неуспеси, идејата за алтернативно натпреварување беше оживеана кон крајот на 2023 година, кога „A22 Sports Management“ објави нов проект наречен „Unify League“, кој ќе вклучува 64 клуба распоредени во три лиги.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе ги прекинеме сите трговски односи со Шпанија

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

Како навивачите станаа аналитичари на спорт

А1он

ВИДЕО: Тепачката во Мајами фрли сенка на импресивната серија

Предраг Петровиќ

Купи цело село во Шпанија за 310.000 евра

А1он

Смртоносната бура „Марта“ ја потопи Шпанија: Загинаа две лица