Спортскиот директориум на Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска одржа средба на која се разговараше за селекцијата на учесници за Зимските олимписки игри кои од 4 до 20 февруари идната година ќе се одржат во Пекинг.
На состанокот е разговарано и за селекцијата на учесници на Зимскиот европски младински олимписки фестивал во финскиот град Вукати идната година, како и за предлог – составот на олимписките стипендисти за Игрите во Париз 2024.
Како што е соопштено од средбата, „конечната потврда на оваа одлука треба да даде Управниот одбор на Олимпискиот комитет“.