Се е подготвено за спектаклот вечерва, дуелот на фудбалските репрезентации на Македонија и Шпанија, кој ќе се игра во рамките од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
Како што беше најавено од Фудбалската федерација на Македонија, за вечерашната пресметка против Шпанија на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје се подготвува посебна кореографија. На јужната трибина ќе биде направено најголемото македонско знаме досега.
Планирана е специјална кореографија во која ќе партиципираат сите љубители на фудбалот кои со мозаик од знаменца ќе го формираат македонското знаме преку целата трибина.
Потсетување дека пред официјалниот старт на мечот ќе продефилираат и младите репрезентативци кои утре заминуваат за Полска каде за шест дена ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство.
Шпанците ќе имаат можност по вторпат да проследат ваква кореографија, односно нешто слично се случуваше и во 2009 година, кога „фуријата“ гостуваше во Скопје по повод 100-годишнината од македонскиот фудбал. Беше тоа вистински спектакл каде Македонија, иако водеше со 2-0 со погодоците на Пандев, на крајот загуби со 2-3.