Поделени првите медали на Европското првенство во атлетика

Од:

На Европското првенство во атлетика во Цирих првиот ден се одржаа две финални дисциплини.

Титулата европска шампионка на 10.000 метри вечерва ја освои 40-годишната Британка Џо Пејвеј со време 32:22.29 минути. Таа беше побрза од француските атлетичарки Клеменс Калвин и Лела Траби, кои се пласираа на второто, односно третото место.

Пејвеј на претходното Европско првенство беше второпласирана.

Златен медал во фрлање ѓуле освои Германецот Давид Шторл, кој ѓулето го фрли со должина од 21.41 метар. Среброто му припадна на Шпанецот Борха Вивас – 20.86 метри, а бронзата ја освои Томаш Мајевски од Полска – 20.83 метри.

Во квалификациите на 400 метри во женска конкуренција настапи и македонската атлетичарка Христина Ристеска. Таа го освои последното 29. место, но истрча личен рекорд – 57.47 секунди и за речиси една секунда го подобри свое постигнување досега – 58.44 секунди.

Во четврток на шампионаот во квалификациите на 200 метри ќе трча и Ристе Пандев.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди