Поддршка за „змаевите“

Од:

Време е за фудбал! Почна долго очекуваното Светско првенство во фудбал во Бразил, а за првпат на големата сцена настапува и репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Сегашната генерација на „змаевите“ го оствари она што претходните се обидуваа и не успеваа. Тоа го направија на навистина фантастичен начин и заслужија токму тие да бидат запишани во историјата на босанскиот фудбал.

Не ја обединија земјата, како што тоа некои сакаат да го кажат, но покажаа дека луѓето од овие простори можат многу и дека ако се посветат на тоа, по ништо нема да заостануваат зад многу богатите и развиени земји.

Селекцијата на Сафет Сушиќ во текот на претходните квалификации покажа дека има карактер и дека фудбалската сила и натаму лежи пред се во колективот, а не во тоа колку тие 23 момчиња вредат на пазарот.

Можеби „змаевите“ никогаш нема да бидат прифатени во целата БиХ, бидејќи секогаш ќе има такви на кои „коцкестите“ или „орлите“ им се прв избор, но едно мора да се признае: на терен се како еден и играат како вистински тим.

Се трудат и се борат до последната капка пот и поради тоа ги ценат на сите фудбалски меридијани. Не отидоа во Бразил случајно, туку како први во групата и без оглед за кого ќе навиваме, вредни се за почит.

Можеби „змаевите“ во Бразил имаат најмалку навивачи на трибините од сите тимови учесници, но тоа не значи дека ќе имаат и најмала поддршка.

Па, за кого да навива поранешна Југославија: за Бразил, Англија, Шпанија?

За кого ќе навивате е работа на личен избор, но на тие кои навистина го сакаат и го следат фудбалот како спорт далеку им се поважни спортските морални начела. А тие велат дека, без оглед на се, заслужуваат наша поддршка, бидејќи тоа е најдобро што го имаме во овој момент.

Затоа „змаеви“ напред, што и да направите заслужувате почит. Очекувањата не се големи, но не и мали. Во Бразил на Мундијал се оди еднаш во живот.

Независне новине – Бања Лука

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска