Почна натпреварувачката сезона во фудбал за основците од Ѓорче Петров

Од:

Над 700 деца од основните училишта од општина Ѓорче Петров го означија стартот на натпреварувачката сезона во која учество ќе земат сите шест основни училишта, соопшти денеска Општината.

Училишните екипи во голем фудбал, кошарка, фудбал, одбојка, пинг понг, тенис, атлетика ќе се натпреваруваат во текот на целата учебна година. По тој повод, денеска, градоначалникот Сокол Митровски додели спортски дресови во препознатливи бои и реквизити за сите учесници во лигата кои ќе продефилираат на стадионот „Македонски лавови“.

За успешен почеток на натпреварувачката сезона, градоначалникот Митровски на директорите на основните училишта им додели и комплет спортски реквизити.

Во присуство на голем број на наставници, ученици, спортски работници, директори од основните училишта, претседателот на училишниот спорт во општината, Лука Поповски, му врачи на градоначалникот Сокол Митровски Плакета за основање и континуирана поддршка на училишниот спорт во општината Ѓорче Петров.

Седма година по ред, Општината ги организира овие спортски игри, и истите придонесуваат за поттикнување на спортскиот дух, како и за надоградување на талентот кај основците.

По повод празникот на општината, 20 Септември, ова ќе биде еден од главните спортски настани кои со особена важност се следaт во текот на целата учебна година, се додава во соопштението на општината.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска