Почина легендарниот југословенски скијач Борис Стрел

Од:

Легендарниот југословенски скијач Борис Стрел почина вчера во Љубљана на 53-годишна возраст, соопшти словенечката полиција.

Тој е пронајден мртов, а, според полицијата смртта не била насилна.

Стрел во 1977 година во Крањска Гора стана европски јуниорски шампион во велеслалом, а четири години подоцна ја оствари првата победа на Светскиот куп во Кортини Д’Ампеко во истата дисциплина.

На Светското првенство во Шладминг во 1982 година ја освои бронзата, првиот медал на Светското првенство во скијање во југословенската историја.

На Олимписките игри во Сараево во 1984 година го освои петтото место.

По завршувањето на скијачката кариера отвори сервис за ски опрема.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски