Почина легендарниот голман Илија Пантелиќ

Од:

На 72-годишна возраст вчера во Нови Сад почина Илија Пантелиќ, еден од најдобрите голмани во поранешна Југославија и член на Војводина.

Пантелиќ е роден на 2 август 1942 година во Козица (БиХ). Со фудбал почна да се занимава во Бела Црква 1958, а потоа бранеше за Раднички од Сомбор, за во 1961 година да потпише за Војводина. беше дел од генерацијата во која играа Осим, Петковиќ, Џајиќ, Ачимовиќ…

Ќе остане запаметен и по постигнатите голови. Иако голман Пантелиќ неретко се запишувал во листата на стрелците, бидејќи ги изведувал пеналите. Во 1963 година на натпреварот со Трешњевка од Загреб постигнал три погодоци.

Со Војводина, во сезоната 1965/66 ја освои шампионската титула, а потоа направил интернјационална кариера во Олимпик Марсеј, Бастија и во Пари Сен Жермен.

По завршувањето со професионалното играње фудбал, Пантелиќ работеше како тренер во Војводина, а подоцна беше дел од раководството на клубот.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска