Со натпреварот Работнички – Хоризонт Турново денеска од 14 часот ќе биде отворен пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.
Дербито на 19.коло ќе се одигра утре во Битола меѓу вечните ривали Пелистер и Вардар. Освен дербито, утре ќе играат и Металург – Тетекс и Силекс – Дрита.
Натпреварите Шкендија – Ренова и Брегалница – Напредок се одлжени за в среда.
Табела: Вардар 38 бодови, Хоризонт Турново 35, Металург 31, Напредок 31, Шкендија 29, Брегалница 24, Дрита 23, Работнички 21, Ренова 21, Пелистер 19, Силекс 15 и Тетекс 9.