Победи на Карпош Соколи и Фени Индустри во БИБЛ лигата

Од:

Македонските претставници во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), Карпош Соколи и Фени Индустри забележаа победи во натпреварите од Б групата одиграни синоќа.

На дуелот во Скопје, составот на Карпош Соколи за кој дебитираше поранешниот репрезентативец Бојан Трајковски, ја совлада екипата на Трепча со 85:69. Во втората победа на „соколите“ во БИБЛ лигата, Трајковски партиципираше со 16 поени, додека Кенрик Пери постигна 18, а Драган Лабовиќ 17 поени.

На гостувањето во Тирана, кај истоимената албанска екипа, победа со 72:63 забележа Фени Индустри.
Бранислав Џекиќ со 18 поени беше најефикасен во кавадаречкиот состав за кој ова беше четврта победа во БИБЛ.

Синоќа се одигра и еден натпревар во А групата, Пеќ по продолжение минимално со 76:74 ја совлада Сутјеска.

А група – табела: Куманово 5-2 (победи-порази), Берое 4-2, Башкими 3-4, Теодо 3-3, Кожув 1-5 и Сигал Приштина 2-2.

Б група – табела: Фени Индустри 4-2 (победи-порази), Сутјеска 4-2, Тирана 3-4, Карпош Соколи 2-5, Трепча 2-4  и Пеќ 3-1.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос