Победа за одличниот Алонсо во Каталуња

Од:

Возачот на „Ферари“ Фернандо Алонсо ја постигна втората победа сезонава во шампионаот од Формула 1. Тој на денешната трка без проблеми го освои првото место. Ова за него беше 32. победа во кариерата или вкупно трета на патеката „Каталуња“ за Големата Награда на Шпанија.

На пиедесталот се најдоа Кими Раиконен од „Лотус“ (второ место) и вториот возач на „Ферари“ Фелипе Маса (трето место), додека во ТОП 5 завршија двајцата возачи на „Ред Бул“, Себастијан Фетел и Марк Вебер.

Во генералниот пласман води Фетел со 89 бодови, пред Кими Раиконен со 85, а Алонсо има 72.

Кај конструкторите прв е „Ред Бул“ со 131 бод, пред „Ферари“ со 117 и „Лотус“ со 111.

Следната трка се вози на 26 мај низ улиците на Монте Карло за ГН на Монако.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он