Новиот шампион на Англија, екипата на Манчестер Јунајтед го совлада Свонси попладнево во натпревар од 37.коло од Премиер лигата. Ова беше воедно и последниот натпревар на клупата за Сер Алекс Фергусон за „црвените ѓаволи“ на домашен терен.
Од денешните натпревари за одбележување е и триумфот на Ливерпул против Фулам, со хет-трик кој за „црвените“ го постигна Даниел Стариџ.
Резултати на 37.коло: Манчестер Јунајтед – Свонси 2:1, Евертон – Вест Хем 2:0, Фулам – Ливерпул 1:3, Норвич – ВБА (Горан Попов ги одигра сите 90 минути во поразениот тим) 4:0, КПР – Њукасл 1:2, Сандерленд – Саутемптон 1:1, Стоук – Тотенхем 1:2 и вчера Астон Вила – Челзи 1:2.
Колото ќе биде комплетирано во втроник со натпреварите: Арсенал – Виган и Рединг – Манчестер Сити.
Табела: Манчестер Јунајтед 88 бодови, Манчестер Сити 75, Челзи 72, Тотенхем 69, Арсенал 67, Евертон 63, Ливерпул 58,…