Екипата на Ливерпул оствари убедлива победа од 5:0 на својот „Енфилд“ откако попладнево го совлада Свонси.
Серијата голови ја почна капитенот Стивен Џерард од пенал во 34.минута. На 2:0 по само 12 секунди во вториот дел зголеми Кутињо. Третиот гол го постигна Хозе Енрике по одличната акција во 50.минута, а на 4:0 зголеми Луис Суарез во 56.минута со својот 18.ти гол во шампионатот. Конечните 5:0 од пенал во 71.минута ги постави Даниел Стариџ.
Со овој триумф Ливерпул го мина денешниот ривал на табелата. Сега „Црвените“ имаат 39 бодови, два повеќе од Свонси.
Ова беше првиот натпревар од 27.коло на Приемиер лигата што се одигра порано поради настапот на Свонси следната недела во финалето на Лига купот.